ЈПДП: До Нова Година ќе се расчистат сите имотни прашања на автопатите од Коридорот 8

За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект. Ова го изјави директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. Експропријацијата на имотите низ кои треба да поминуваат автопатите од Коридорите 8 и 10д кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ е во тек и досега половина е завршена. Останати се околу 2.400 предмети, рече директорот Трајановски.

  • До Нова година ќе ја завршиме ескпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи „Бехтел и Енка“ да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект – рече Трајановски.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП е направено двојно па дури тројно повеќе, споредено со две години претходно.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, напомена станува збор за доказ од одлично партнерство меѓу САД и Северна Македонија.

  • Ова е во корист на граѓаните, ќе помогне на трговијата, на инвестициите, а кога други компании, вклучително и големи американски компании ќе гледаат проекти како овој, тоа ќе биде доказот што име потребен, за да знаат дека инвестирањето има смисла, бидејќи може да напредувате – рече амбасадорката Агелер.