Потпретседателката на Бугарија вели дека денес Бугарија не го оспорува суверенитетот на современите земји, ниту нивниот јазик, но дека ќе спречи обиди да си ја припишат историјата.

„Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство, бидејќи тоа е клучот за да немаме спорови и конфликти“, рече потпретседателката Илијана Јотова и додаде дека науката и истражувањето штитат од искушението за создавање фиктивна историја и продолжи:

„Во последните неколку дена, во изјавите на некои политички и владини лидери на соседните земји, за жал, токму тоа можеме да го видиме“, рече таа.

Јотова учствуваше на Меѓународниот кириличен форум „Азбука. Јазик. Идентитет“, пренесе „Днес.бг

Јотова истакна дека задача на форумот е и борбата против културниот национализам, кој во последно време се повеќе освојува територии.

„Оваа политика води кон погрешно толкувано читање на неспорен случај, како што е случајот Кирило-Методиевото дело.

Има многу примери како тоа се користи за политичко-национални интереси со газење на неговиот кредибилитет, изоставување на факти на сметка на други или едноставно препишување“, рече таа.