Актерот Владо Јовановски се надоврза на коментарите под објавата на Фејсбук на „соборецот“ од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, за „мрчењето“ на претходниот министер за образование Јетон Шаќири за насловната страница на учебникот по историја со Кирил и Методиј.
„А, се извинувам, каква врска има Јетон Шакири со Ѓорѓи Скендербег, чие семејство беше ктитор на манастири во Света Гора!?
Православниот Ѓорѓи, кого османлиите го нарекуваа Искендер или Александар. Ѓорѓи кој ја штитеше и бранеше Македонија и Епир од исламските освојувачи. Ѓорѓи кој беше почитуван и славен од Венеција и Рим.
Каква врска има со него некој си бивш министер за образование, на кого му пречи насловна на учебник со светите браќа Кирил и Методиј?
Случајно ли до лани децата немаа учебници по цела година или некој имал намера нашите деца да ги држи во образовен мрак!?
Прашање до владеачката коалиција: ‘Кога ќе има одговорност за таквиот духовен криминал?’“, коментира Јовановски.