„Мислам дека нашите граѓани се свесни дека Русија е дехуманизирана, авторитарна и тиранска земја. Длабоко сум убеден дека граѓаните се за ЕУ и НАТО“, изјави аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата „200“ на Алсат-М.
Апологетот на СДСМ, посебно од времето на неговиот поранешен лидер и експремиер Зиран Заев, додаде дека повисок животен стандард, подобар квалитет на живот, слободи и човекови права може да се постигнат со свртување кон Европа, а не кон Русија.
„Повеќето граѓани знаат по кој пат да тргнат. Македонскиот граѓанин не може да ја види финансиската придобивка во Русија. Финансиските и образовните, здравствените и технолошките придобивки сите ги гледаат во Европа. Никој не сака да оди во Москва“, вели Јовановиќ.
Тој додаде дека граѓаните треба да ја донесат одлуката во своите глави, дали сакаат да живеат во „диктатурата на Путин“ или како остатокот од нормалниот и развиен свет.