Јелена Остапенко дојде до првата победа на Гренд Слем турнирите откако денеска во Париз ја совлада Романката Симона Халеп. Во финалето на Ролан Гарос 20. годишната Летонка од Рига по тешка борба, многу пресврти и со 2-1 во сетови славеше на францускиот турнир кој не памти вакво изненадување во поново време. Остапенко до настапот во Булоњската шума воопшто немаше турнирска победа, а во прилог во овие две седмици и одеше тоа што на женскиот дел многу тенисерки отсуствуваа, а дел од фаворитите испаднаа многу рано.
Утре во машкото финале во Париз играат Рафаел Надал и Стен Вавринка.