Ја шутиравте Македонија како топка, сега законот ве удира каде што најмногу ве боли – Тошковски им одговори на СДСМ, ДУИ и Левица

Ова е битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли, ова е дел од одговорот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на вчерашните напади од СДСМ, ДУИ и Левица кои бараат негова одговорност.

,,Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати.

Ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш јас сум подготвен секој ден да ја плаќам, затоа што ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што и е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме“, пишува во својот подолг пост Панче Тошковски.

Целиот пос на овој ЛИНК