Вчера на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти земјата е уапсен 38-годишниот Н.А. осомничен за убиство на неговата сопруга Р.А.
Околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. ѝ нанел смртоносни повреди со остар предмет на неговата сопруга. Повредите биле фатални, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Откако го извршил делото, осомничениот се обидел да побегне од државата. Благодарение на брзата реакција на полицијата, тој бил лоциран и уапсен само два часа подоцна, на граничниот премин Табановце.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава во координација со јавен обвинител.