Шарените револуционери ја користат убиената Фросина Кулачка за политички цели а 7 години молчеа за корупцијата на СДСМ и ДУИ, обвинува холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван дер Берг.
Тој споделува пост од Филип Стојановски од организацијата Метаморфозис кого го класифицира како дел од Шарената Револуција и кого заедно со многу други луѓе меѓу репцдов ги обвинува за злоупотреба на човечка трагедија за политички поени.
,,Жално е да се види дека одредени кругови (оние кои ја следеа Шарената револуција во Македонија знаат кои) ја искористуваат туѓата мака и ја користат таа трагедија за политички цели. Истите кругови кои молчеа во последните 7 години, кога корупцијата беше името на играта на ДУИ-СДСМ во македонската влада”, пишува Ван Дер Берг.
Холандскиот експерт за Балканот споделува пост на Филип Стојановски од организацијата Метаморфозис кој сега зборува за корупција а предходно 7 години молчел за корупцијата на СДСМ и ДУИ:
„Секој може да биде следен! Протест за правда, против неказнивост и системска корупција во Скопје. Минутно молчење пред македонското Собрание за Фросина Кулакова (22), последната жртва на пијан возач „со врски“.
Преходно американска новинарка објави дека огромни пари од УСАИД до 2017 година преку Сорос оделе за промена на власта во Македонија и за промоција на левичарски односно социјалдемократски политики.
Како се влијаело на политиката во Македонија?