Научниците од медицинскиот факултет St. Louis во Вашингтон откриле дека значителното ограничување на внесот на калориите ја намалува телесната температура што е предуслов за продолжување на животот.
Инаку познато е дека ограничувањето на внесот на калориите кај едноставните организми може да ја зголеми двојно, па и тројно должината на животот на тој начин што го воведува организмот во една пристојна хипотермија (која не го ограничува квалитетот на животот).
Но исто така научните соработници од овој универзитет признаваат дека не е навистина сеуште доволно јасно како рестрикцијата во внесот на калориите може на луѓето да им го продолжи животот. Но сепак се смета дека дури и намалување на телесната температура за 1 степен целзиусов (на пример од 37 на 36) го успорува метаболизмот за 30%, со што директно се влијае на намалувањето на метаболните процеси во клетките со што го спречува нивното прекумерно трошење преку процесите на оскидативна фосфорилација