Јагодите се првото сезонско овошје на нашето поднебје, кое пристигнува по долгите зимски месеци. Тие се вистински богат извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Традиционално се применуваат во народната медицина во многу култури. Уште старите римјани ги одгледувале заради нивните лековити својства.
Јагодите се не само вкусни, но и многу корисни. Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.
Јагодата е симбол на Венера – божицата на љубовта, поради срцевидната форма и црвената боја. Постои верување дека ако гризнете половина јагода, а другата половина ја изеде лице од спротивниот пол, за кратко време ќе се вљубите еден во друг.
Последните истражувања покажуваат дека јагодите ја зголемуваат сексуалната активност кај мажите и плодноста кај жените. Причина за тоа е цинкот, кој се содржи во малите семки на јагодите. Тој го покачува нивото на тестостерон кај мажите, кое од своја страна води до зголемување на сексуалната активност.
Јагодите содржат и големо количество фолна киселина. Таа помага при забременување, ја намалува депресијата, ја подобрува работата на мозокот и го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Една полна шака со јагоди содржи 100 пати повеќе фолна киселина од едно јаболко.