Најмирното дете кај Бекамови, 15. годишниот Ромео, деновиве се пошегува на сметка на својата мајка, а досетливата забелешка се однесува на нејзиниот изглед. Викторија Бекам оваа сезона често може да се види во живи бои, најчесто портокалови, па нејзиниот син ја спореди со морков што наиде на голем интерес на светската јавност, секогаш расположена да ѕирне во домот на Дејвид Бекам.

Ромео е второ дете во семејството на фудбалската ѕвезда и на поранешната членка на Спајс Грлс. Помлад е од Бруклин, а повозрасен од Круз и Харпер.