Јавен апел за промена на законодавството и поддршка за Леонид Индов!

🆘Јавен Апел за Промена на законодавството и поддршка за Леонид Индов! 💞

➡️ До сите граѓани на Мaкедонија, до надлежните институции, до медиумите, и до сите кои можат да влијаат и да помогнат: Со длабока загриженост и тешко срце, повторно се обраќаме до вас во име на Леонид Индов, 18-годишен млад човек кој по трагичен несреќен случај стана квадриплегичар и сега се соочува со најтешката битка во својот живот.

Најодговорно тврдам, а тоа е очигледно и од конзилијарното мислење, дека за сериозноста на повредата на Леонид ниту една од нашите здравствени институции немаат соодветно знаење и опрема за негово успешно лекување. Леонид дише со механичка подршка и има рани по телото настанати за време на престојот и несоодветниот третман на државната клиника. Условите во кои беше таму сместен и третиран не му ги посакувам ни на најголем непријател (го посетив и видов, знам што зборувам). И сега сакате да се врати назад за да продолжите да го „лекувате“?!?! Знаете ли дека ризикувате да се случи најлошото и што тогаш?!? Кој ќе одговара????

Ова не сакав да го кажам затоа што можеби ќе го прочита и неговото семејство, но заради несовесноста на институциите морам – На пациентите со квадриплегија кои заради тежината на повредите не успеваат брзо да се тргнат од механичка поддршка за дишење, шансите за враќање барем на дел од функциите им се минимални, квалитетот на живот сведен на нула, а уште позагрижувачки – ДОЛЖИНАТА НА ЖИВОТОТ НЕКОЛКУ ПАТИ НАМАЛЕНА! Да не почнуваме ни да зборуваме за делот што треба да следи потоа кој вклучува напредни третмани за повторно воспоставување на врска помеѓу неврони кои биле сериозно оштетени или на места целосно прекинати, за да може да се повратат барем дел од функциите. Како е ова основна медицинска рехабилитација за која кај нас има знаење и услови?!?!

Законодавството на жалост, не ги разликува случаите каде е потребна итна и специјализирана рехабилитација со континуирани и високонапредни медицински третмани од оние каде е потребна основна рехабилитација, како на пример при скршеница на рака. Оваа категоризација остава многумина, како Леонид, без потребната помош и поддршка.

Секоја одложена одлука и секој изгубен ден може да значи изгубена шанса за живот. Случајот на Леонид не е само медицински проблем, тоа е прашање на човекови права, достоинство и основна човечност!!!

Бараме од Владата и од сите надлежни институции:
1. ИТНО Да се преиспита и измени законодавството за да се обезбеди соодветна финансиска поддршка за лекување во странство на Леонид и други случаи во оваа категорија.
2. Да се воведат јасни и транспарентни процедури за итни медицински случаи кои бараат третман надвор од земјата и да не се става во иста група животнозагрозувачка квадриплегија со скршеница на рака.
3. Да се обезбеди ИТНА финансиска поддршка за Леонид и другите во слична ситуација, за да можат да пристапат до најдобрата можна нега и лекување.

Лекувањето во Виена, кое претставува светилина на надеж за нашиот Леонид, изнесува 300.000 евра. Половина од оваа сума веќе е собрана преку хуманоста на нашите сонародници и заштедите на неговото семејство. Сепак, останува уште една половина, а времето не чека.

Во време кога Леонид најмногу треба спокој, поддршка и соодветно лекување, неговото семејство наидува на бирократски пречки и законски ограничувања кои го доведуваат во прашање продолжувањето на неговото лекување во клиниката во Австрија.🏥

Апелирам до сите надлежни органи и добронамерни луѓе да се обединиме околу оваа причина и да покажеме дека сме нација која стои заедно во најтешките моменти.

Леонид е ЗЛАТНО ДЕТЕ и заслужува шанса за достоинствен живот, и тоа го знае секој што го познава. Токму затоа неговите другари толку многу се вложија, но со оваа одлука на Фондот за жал се паѓа во вода. Да застанеме заедно за Леонид. Да застанеме заедно за правдата. Нашата колективна сила може да направи промена. Вашата поддршка може да биде клучна за неговата борба за живот.

Јавно ги повикувам сите кои го познаваат, а и оние кои не го познаваат лично, но го запознаа за жал преку оваа приказна, да го споделуваат ова за да извршиме притисок за ИТНА промена на Законот која за Леонид ќе значи живот!

#ПроменетеГоЗаконот #ПравдаЗаЛеонид #даспасимеживот

Влада на Република Македонија
Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија
Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Министерство за правда