Познатиот српски пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ќе одржи нов концерт во Хрватска и тоа под ведро небо во Опатија. Панонскиот морнар на 11. август заедно со својата група ќе ги изведе неговите познати хитови на Летната сцена.

Да потсетиме дека претходно Ѓорѓе Балашевиќ по 28. години се врати во Задар и на 14. мај 2017 година одржа концерт  во преполната сала на Вишњик и ги воодушеви неговите фанови со четири часовен концерт. На овој голем собир освен фановите на Ѓорѓе Балашевиќ од Задар беа присутни и фановите од Сплит, Макарска, Дубровник.