Шчербак пак го “трола” Бејли на Твитер

Откако пред десетина дена на амбасадата на Кале и одговори дека решение за проблемот со аерозагадувањето во Македонија е гасоводот Јужен тек, руската амбасада повторно води дипломатија преку социјалните мрежи.

Најновиот одговор на Русите не е наивна досетка на Твитер туку прецизна позиција за најновата истрага во Вашингтон за руското влијание во Македонија и останатите земји во регионот.

Тоа што станува збор за храна не треба да не залажува дека се работи за обична пријателска дебата на Твитер.