Новиот премиер Зоран Заев пред изборот на новата влада одговори на голем дел од прашањата кои што ги поставија пратениците во текот на дебатата. Еве дел од оод неговите одговори.
За името ќе разговараме со опозицијата и народот ќе реши на референдум но нема да одиме на референдум за да не се реши името туку за да најдеме решение за овој проблем со Грција.
СЈО го информирало Заев дека ниту еден од кандидатите за министри не е под истрага или против него е покренато обвинение.
Ќе ни треба помош од опозицијата. Ќе биде тешко да имаме кворум со 62 пратеници, ќе помага и од опозицијата во интерес на граѓаните. Кога нема да има кворум нема да се работи.
Кадрите на ДУИ во функција на правната држава се дел од мојот кабинет. Никојј од нив нема да смеее да се јави кај судија или друг функцонер инаку ќе сноси последици.
СДСМ има 2 министри помалку од старата влада на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа само затоа што има многу партнери на владата и морало да се направи комбинација сите да бидат задоволни.
Од опозицијата се бара помош и за враќање на децата од странство, и на тоа поле ќе мора да се работи многу и да се работи заедно
Во врска со економијата Заев најави дека оваа влада ќе одржи лекција на предходната влада.
Ме нарекувавте со погрдни зборови но времето ќе покаже дали бевте во право, вистината е една.
Не е точно дека мнозинството победило и оди во опозиција туку дека партиите во владата имаат околу 300 илјади гласачи повеќе од ВМРО – ДПМНЕ
Владата не е составена во уцена, бандитизмот и криминалот на ВМРО – ДПМНЕ помогна да се креира оваа влада.
Не се пишува се во владина програма, не може се од изборната програма да ставиме во владината програма.
Точно е дека владината програма е составена од сите партии во владината коалиција но и од сите други партии.
Данокот од 18 % ќе плаќаат само тие што земаат над 1000 евра плата. Дај боже сите да земаат над 1000 евра плата.
Заев повика заедно да работиме на наталитетот. Да мотивираме млади луѓе да стапат во брак и да имаат што е можно повеќе деца.
Груевски повторувал исти работи што ги повторува со месеци. Греши во две работи за бројот на здравствено осигурени и за долгот на ПИОМ.
Се заблагодари за службата на владата во заминување.