Што покажува истрагата за картелско договарање на маркетите?!

Натписите „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ или „замрзнати цени“ веќе се истакнати во дел од маркетите. Онаму каде ги нема, веднаш да се залепат, апелира инспекцијата. Од таму за велат дека до крајот на неделава таргет ќе бидат маркетите, тобаката, бензинските пумпи и аптеките. Казните се високи за трговците кои ќе тераат по свое и нема да ги почитуваат владините мерки. Никој нема да се толерира.

Во обид да се стави крај на континуираниот раст на цените, властите најавуваат строги инспекциски контроли, а отворена е и истрага за можна ценовна манипулација од страна на неколку маркети. Дали новите владини мерки за ограничување на маржите конечно ќе дадат резултат, останува да видиме. Инспекторите викендов ќе кажат како течат работите.

Од Владата велат – одлуката мора да се почитува, а не одредени трговци да си тераат по свое. Претходно, Владата одлучи да ја ограничи маржата и да замрзне цени на околу 1 000 производи со што тие треба да поевтинат за околу 10%. Оваа мерка ќе биде на сила до 30 април.

Стандардот на граѓаните ќе се штити и преку новиот Закон за потрошувачи кој е во собраниска процедура. Големите маркети треба јавно на интернет-страница да ги објават цените на производите за купувачите да знаат каде е најевтино.