Што кажа Тодоров по смртта на малата Тамара?

Министерот за здравство Никола Тодоров во интервју за 24 Вести во февруари 2015 година зборуваше за смртта на Тамара Димовска која со тежок деформитет на ‘рбетот и заглавена во институциите на системот не успеа да дочека финансиска помош од Фондот за здравство за лекување во странство.

– Би ја менувал и функцијата, да можам да променам нешто, но за жал не можам. Неодговорно би било да кажам дека не се чувствувам одговорно, или не чувствувам никаква одговорност, или не ми е жал за она што се случило. Искрено сочуствувам и жалам за тоа што се случи. Се обидов да направам сè што е во моите ингеренции, дури и повеќе од тоа, но очигледно тоа не беше доволно да се спаси овој млад живот – вели министерот Тодоров кој денеска беше нападнат од дедото на Тамара со 5 истрели од пиштол.