Што истражува СЈО во Чаир?

Специјалното јавно обвинителство од вчера е во општина Чаир каде на терен ги “чешла” дивоградбите на територијата на оваа општината, објавува МТВ.

Според СЈО станува збор за предистражна постапка за дивоградби на територијата на локалната самоуправа инаку дел од разговорите во прислушуваните материјали.

Според прислушуваните материјали во кои се разговараше за објект пред американската амбасада во Скопје, СЈО најверојатно истражува како се случило објектот кој што немал дозвола за градба и за кој имало реакции од амбсадата на САД сепак да биде изграден. Во објавените материјали имаше и разговори според кои дел од државните служби не се во можност да ги извршат наредбите од инспекциските служби поради политички причини.

Меѓу снимките се слушаат гласовите на високи функционери од владејачка партија за повеќе објекти меѓу кои и на амбасадата на САД.

Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити вчера изјави дека ја поддржува работата на СЈО, правната држава е вредност на демократијата.