Вчера американскиот потпретседател Мајк Пенс еден по друг на телефон ги повикал грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот претседател на владата Зоран Заев.
Во врска со разговорот со Заев, Пенс во соопштението кажа дека се охрабрува земјата да продолжи по евроатланскиот пат и дека САД останува да ја поддржува Македонија.
Со Ципрас, Пенс разговарал и за други теми како Кипар a владата во Атина најразочарана е што Пенс не покажал јавна поддршка за мерките за штедење и за финансиката политика на СИРИЗА.
Една до важните разлики во разговорите со двајцата балкански лидери е што за разлика од Заев, грчкиот премиер од американскиот потпретседател добил покана за псоета на Вашингтон.
Во соопштението на Белата Куќа и во информацијата на Заев не се зборува за таквма можност и за македонскиот премиер кој што досега имаше сериозна поддршка од американската дипломатија.
Друга разлика од вчерачните разговори е што во соопштението од грчката влада за разговорот со Пенс не се наведува дека Трамп го поздравил Ципрас како што на Твитер за неговиот разговор објави македонскиот премиер.
Читај
Како Грција ги „врзува“ европските лидери во спорот за името