Во фудбалски спектакл во Скопје од квалификациите за Светското првенство. Македонија беше видливо послаба од Шпанија и загуби со 2-1 и остана на петтото место во групата Г и тоа со шест бода зад третите Израел и Албанија. Слаб фудбал од наша страна во првото полувреме кога на Телеком арената имаше само една екипа, а таа гостинската која профи си ја заврши целата работа уште во првите 45 минути. Нашата инфериорност во тој период ја казнија Давид Силва во 15. минута и Диего Коста во 27. минута.
Во второто полувреме наш далеку подобар настап и заради постигнатиот гол, но и заради поголемиот посед на топка, па и активност. Стефан Ристовски постигна ефектен гол од контрата во 66. минута, но потоа не создадовме други шанси за да се заканиме и доживеавме пораз.
На Телеком арената во Скопје: Македонија-Шпанија 1-2 во меч од 6. коло во групата 7 од квалификациите за Светското првенство во која ние останавме претпоследни петти и тоа со само три бода од можните 18. Далеку напред со по 16 се Шпанија и Италија која вечерва го совлада Лихтенштајн со 5-0. Во борбата за третото место Израел е поразен дома од Албанија со 3-0. Следниот настап за Македонија е на 2 септември кај Израел.
Во другите денешни средби од мундијалските квалификации, а се играше во групите Д и И беа постигнати следниве резултати. Во четвртата: Србија-Велс 1-1, Ирска-Австрија 1-1 и Молдавија-Грузија 2-2 и во деветтата група: Финска-Украина 1-2, Исланд-Хрватска 1-0 и Косово-Турција 1-4.