На саемот за автомобили што пред некој ден заврши во Барселона, компанијата Сеат го претстави моделот 600 BMS кој неодоливо потсетува на возилото од фабриката Застава од Крагуевац кое се уште може да се види по нашите патишта.
Всушност станува збор за продолжение на производството на возилото кое изворно беше модел на ФИАТ и кој потоа во СФРЈ, но и во Шпанија, Аргентина, Австрија и Италија се произведуваше до 1985. година.
Новото Фиќо, кај нас беше познато и како Застава 750, и беше најпродаваниот модел во долг период, а примена најде во сите области, па и во полицијата, ќе биде ниско потрошувачко, 3.1 литар, а и далеку поевтино од другите модели на СЕАТ.