Жената била заробена во автомобил под вода три дена покрај нејзината мртва снаа, пренесуваат медиуми.
Таа била пронајдена откако хуманитарните работници го слушнале нејзиниот плач кога ги проверувале возилата во градот Бенетусер.
Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се зголеми на 205
Спасителите старвуваат дека ќе бидат пронајдени „масовни гробници“, откако сликите од местото на настанот покажуваат поплавен подземен паркинг на трговскиот центар.
Во меѓувреме, шпанскиот премиер Педро Санчез го најави најголемото распоредување на армијата во мирно време со уште 5.000 војници.
Над 2.000 веќе се на теренот.