Сигурно ви се случило да сакате да си направите нешто многу вкусно за јадење , но по можност да заштедите на време и сето да биде без многу напор.

Се работи за многу брзо и многу вкусно јадење. Ставате да се варат шпагети, во тава до шпоретот ставате 35 грама путер да се растопи и му додавате 2 чешниња лукче ситно исецкано, ги готвите додека не добијат стаклест изглед. Шпагетите ги варите не повеќе од 7 минути, значи за 7 минути сосот треба да ви е спремен.

По лукот додавате околу 300 грама исчистен и измиен спанаќ (може и блитва ако немате спанаќ), го готвите околу 1 минута и потоа додавате 150 милилитри павлака за готвење (ако не сакате да користите павлака за готвење, направете си бешамел сос).

Шпагетите со многу малку од водата додадете ги во сосот и гответе ги за да попримат малку од сосот.