Германскиот канцелар Олаф Шолц го призна разочарувањето од резултатите на изборите во две од покраините во земјата, кои забележаа големи победи на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD).
Тој ја опиша загубата за неговата коалиција како „горчлива“ и ги повика главните партии да формираат влади без „десничарски екстремисти“.
Алтернатива за германија (AFD) стана првата екстремно десничарска партија која победи на парламентарните избори во Германија по Втората светска војна со нејзиниот резултат на гласањето викендот во Тирингија.
AFD е на второ место зад конзервативците во Саксонија, покажаа прогнозите доцна синоќа.
Резултатите беа очекувани, бидејќи тоа го предвидуваа социолошките анкети спроведени пред гласањето.
Но, AFG, која безбедносните службеници ја сметаат за „десничарска екстремистичка“ во двете источногермански покраини, веројатно нема да владее бидејќи другите партии досега одбиваа да соработуваат со неа за да формираат мнозинство.
Но, сè уште може да освои доволно места за да ги блокира одлуките за кои е потребно двотретинско мнозинство, како што е назначувањето судии или највисоки безбедносни функционери, што ѝ дава моќ без преседан.
„Резултатите во Саксонија и Тирингија се алармантни“, рече Шолц во изјава за Ројтерс. Тој појасни дека зборувал како пратеник од неговата централно-левичарска Социјалдемократска партија.
„Нашата земја не може и не треба да се навикне на ова. AFG и штети на Германија. Тоа ја слабее економијата, го дели општеството и го уништува угледот на нашата земја“.
На една година до националните избори во Германија, резултатите од неделата ја казнија распаднатата коалиција на Шолц, што потенцијално ќе ги влоши внатрешните борби.
Сите три владејачки партии изгубија гласови, при што само неговaта Социјалдемократска партија успешно го проби прагот од 5 отсто потребен за останување во парламентите на двете земји.
„Резултатите од изборите во недела се горчливи – и за нас“, рече Шолц.