Дел од владиците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се вознемирени по објавата дека новинарот Зоран Бојаровски е дел од тимот за комуникации на премирот Заев.

Дел од нив се сомневаат дека Бојаровски како еден од најистакнатите македонски новинари и интелектуалци кои што ги брани позициите на српскиот егзарх во Македонија  и поранешен член на Светиот Синод на МОЦ – ОА Јован Вранишковски , ќе се обиде да ја промени политиката на македонската влада во однос на  МПЦ – ОА и Православната Охридска Архиепископија.

Некои од владиците во назначувањето на Бојаровски во тимот за комуникација на премиерот Заев гледаат сигнал испратен до Белград и до Српската Православна црква во пресрет на преговорите меѓу двете цркви за статусот на МПЦ – ОА како и за иднината на Вранишковски кој доколку дојде до договор, според СПЦ ќе треба да се врати во САС на МПЦ – ОА.

Тие најавуваат дека доколку за овој потег премиерот добил поддршка од архиепископот Стефан или со некои други членови на САС на МПЦ – ОА без да се консултира целиот синод за тоа наскоро ќе се разговара меѓу сите владици. Според  нив ако именувањето на Бојаровски е сигнал кон Белград со тоа може да се предизвикаат сериозни последици кои што ќе влијаат на позициите на МПЦ во преговорите со СПЦ.

Информацијата за вработување во владата како член на тимот за комуникација на премирот Заев, Бојаровски ја објавил попладнево преку својот фејсбук профил.

„Туку штo зaврши мoјoт прв ден нa нoвoтo рaбoтнo местo. Нoви предизвици пoврзaни сo рефoрмските прoцеси нa нoвaтa влaдa кoи требa дa се искoмуницирaaт сo медиумите и сo јaвнoстa кaкo реaлнa и успешнa нoвa прикaзнa вo пoлитикaтa. 

Имaв среќa вo мoјaтa кaриерa дa бидaм дел oд успешни прикaзни: 
– Тaкa беше вo МРТ вo деведесеттите кoгa гo туркaвме пoлитичкиoт плурaлизaм вo тaa куќa;
– Тaкa беше кoгa сo А1 ТВ гo oтвoривме прoцесoт нa медиумскиoт плурaлизaм;
– Вo мaгaзинoт “Фoрум” кoгa ги пoдигнaвме недoстижнo стaндaрдите нa лaјф мaгaзините;
– Вo МИМ кoгa сoздaвaвме генерaции врвни млaди нoвинaри;
– Вo www.kirilica.com.mk кoгa бевме првиoт мултимедијaлен веб пoртaл;
– Вo Алфa ТВ кoгa јa сoздaдoвме првaтa мoдернa урбaнa и елитистичкa телевизијa. 
Сетo oвa ми дaвa зa прaвo дa верувaм декa сo нoвите предизвици и сo нoвите кoлеги oд тимoт стaртувaме нoвa прикaзнa зa пaметење“, пишува  на Фејсбук Бојаровски кој иако беше дел од „Шарената револуција“ и остар критичар на владата на ВМРО – ДПМНЕ се до денеска работел во телевизијата Алфа која важи за блиска на екс владиниот состав.

Бојаровски до пред десетина години беше жесток критичар на владиката Јован Вранишковски за потоа да стане негов  најголем поддржувач во македонската јавност.