Вкусен рецепт за љубители на морски специјалитети. За подготовка на секоја морска храна потребни се 5 работи, добро маслиново масло, лимон, лук, магдонос и бело вино… И тоа е тоа, убавината е во едноставноста..

Потребни состојки: 

-1 кг. школки

-1-2 млади кромитчиња

-1 младо лукче или 1 чешне стар лук

-2-3 големи лажици маслиново масло

-1 чаша бело вино

– сол по потреба

– 1/2 китка магдонос

Подготовка:

Школките убаво се мијат, отворените школки ако има такви, се отстрануваат и се фрлаат.

Во тава на оган се ставаат ситно сечканиот лук и кромид, се запржува кратко и му се додава белото вино.

На виното му се додава солта и на крајот се додаваат школките.

Садот се покрива со капак и се остава 5-10 минути или додека не се отворат школките.

Неотворените шкоки исто така се отстрануваат.

Магдоносот се сечка и се додава откако школките се готови.