Шилегов се премисли, на Водно пак ќе се оди со коли (ВИДЕО)

Забраната за возила на Водно ќе биде укината, а контролата за движење ќе се регулира со други мерки, меѓу кои и наплата на паркинг, најавуваат градските власти.

„Моментално се разгледуваат нови решенија со кои би се контролирало движењето на колите кон Водно и во скоро време ќе имаме ново решение“.

Водно е рекреативно место и забраната беше донесена како резултат на хаосот кој го правеа колите кои се паркираа таму“, се вели во известувањето на градските власти..

Кон крајот на минатата година беше воведена забраната за возење на Водно, а градоначалникот Петре Шилегов тогаш изјави дека тоа е една од мерките за намалувањена загаденоста во градот.

Минатата недела имаше силна реакција од сопствениците на угостителските објекти на Водно кои се пожалија дека со забраната трпат огромни загуби и е доведе во прашање нивниот бизнис. Збраната за возење до Средно Водно важи во викендите,а се применува од крајот на ноември.