Шилегов дообјаснува – не сакал да молчи дека СДСМ била заробена партија

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов со „дообјаснување“ пак се огласи на Фејсбук по вчерашната објава во која рече дека СДСМ била заробна партија од 2019-та година со „двајца октроирани ‘лидери“, тезгароши“.

Вели дека СДСМ е заробена партија, а до вчера беше еден од главните во неа

„1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …“, напиша денеска Шилегов.