Новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, попладнево за свој заменик го именува Енвер Малиќи, кој на неодамнешните локални избори беше избран за член на градскиот Совет од редовите на Демократска унија за интеграција.
„Со ова решение, Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон“, се вели во соопштението од градот.
Малиќи е долгогодишен стопанственик, сопственик на компанијата „ГЕМАК Трејд“, како и на „Парк хотел и спа“.