Американскиот министер за одбрана Лојд Остин пристигна во украинскиот главен град Киев, јави краинскатаагенција UKRINFORM
Агенцијата оценува дека ова е израз на американската поддршка за Украина нешто повеќе од две недели пред претседателските избори во САД на 5 ноември.
Посетата е придружена со неизвесност за идната помош од Вашингтон за Киев, додава агенцијата, истакнувајќи дека четвртата посета на Остин на Украина е можеби неговата последна како шеф на Пентагон под претседателот Џо Бајден.
Се очекува министерот детално да разговара за американската помош за Киев во одбраната од руските сили кои напредуваат во источна Украина.