Познатата актерка и оскаровка Шарлиз Терон е во врска со Габриел Обри поранешниот партнер на Хали Бери со која ја има ќерката Налу. Парот се запознал во мај годинава и тоа на родителските средби во училиштето на нивните деца, по што следувале неколку заеднички вечери. Деновиве низ Лос Анџелес двојката воопшто не се крие и делува неразделно, но ако се знае нивната историја никој не би се обложил на долготрајност на врската.
42. годишната Јужноафриканка Шарлиз по светската промоција во средината на 90. од минатиот век имаше еден брак и долга листа на пријатели, а има и две деца кои ги посвојуваше и ги одгледува сама. Во меѓувреме се соочи со здравствени проблеми и со неколку повреди при снимањата, што само говори за немирната природа на Терон.
Габриел Обри е 41. годишен манекен роден во Канада, а на пистите е веќе две децении. Тој работеше за Хилфингер, Версаче, Наутика, Валентино, Џоп, практично за сите позначајни светски марки, но врв му беше врската со Хали Бери која се распадна во 2005. година по што црномурестата актерка се сложи да му исплаќа алиментација од 19 илјади долари месечно.