„Дали се согласувате вашето дете утре да ја започне наставата со ваква корица на учебник? Оние, кои се сервилни можеби да, но родителите, кои сакаат правилно образование за своите деца, треба да размислат двапати. Без нималку срам ставаат вакво нешто во програмата. Овој учебник доаѓа, откако како претходен министер јас го отстранив од употреба претходниот учебник поради неговата навредлива содржина.“ – напиша на својот фејсбук-профил Јетон Шаќири од ДУИ, инаку претходен министер за образование во владата на ДУИ и СДСМ, реагирајќи во врска со корицата од „Наставни материјали по Историја за ученици во седмо одделение во основно деветогодишно образование“, за која тој смета дека одразува „срамна и навредлива содржина“. Реакцијата на Јетон Шаќири ја пренесе ТВ 21. Инаку, по ваквата објава се наметнува дилемата: дали случајно, или намерно, поранешниот министер за образование Јетон Шаќири јавно шири етничка и верска нетрпеливост во време кога неговата партија ДУИ најави сценарио за политичко-етничка и безбедносна дестабилизација на Македонија?
На својот фејсбук-профил Шаќири дополнува: „За тоа каква содржина има книгата за тоа и ќе пишуваме! Оние од Вреди, кои им се сервилни на ВМРО ДПМНЕ, не ги прашува никој за ништо, како што и се очекува тие прифаќаат се што им се сервира од нивните газди на наша штета. Без нималку срам ставаат вакво нешто во програмата. Тие продолжуваат без никакво чувство на одговорност.“