Сопственикот на видео сервисот Рамбл бизнисменот Крис Павловски кој има македонско потекло ги коментира последните информации за парите кои Американската агенција за меѓународен развој УСАИД ги давала во регионов и во Македонија.
Според Павловски кој е дел од тимот на претседателот Трамп смета дека Македонија била киднапирана од организации кои добивале пари од УСАИД како и од агенцијата која го давала парите.
,,Леле, и Македонија е киднапирана од левичарски невладини организации и УСАИД. За Американците може да се заштедат 290 милиони долари”, пишува Павловски кој во објавата го рагира Елон Маск и новиот Оддел за ефикасност на Американката администрација која ја формира Трамп.
Преходно беше објавено дека УСАИД од 2020 година во регионот потрошила 1,7 милјарди долари а за Македонија 290 милиони долари.
Поврзана содржина
Голем удар за Балканот ако целосно запрат парите од Вашингтон
Колку пари потрошила УСАИД во Македонија и регионот од 2020 година
Како се влијаело на политиката во Македонија?