Соединетите Американски Држави и Велика Британија преку своите претставници силно го осудија ослободувањето на осудениот терорист, Димитрис Куфодинас, на кој вчера му беше одобрен викенд-отсуство.

Десетици луѓе го пречекаа Коуфодинас, кој одлежува неколку доживотни казни за неговата улога во смртоносните напади на  терористичката група „17 ноември“, вчера откако му бил одобрен викенд остуство од затворот Кордалдос во Атина втор во последните два месеци.

За време на 48 „слобода“, Куфодинас ќе остане во неговата куќа во Варнава, Атика, а должен е да се пријави во локалната полициска станица два пати на ден.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Науерт, изјави дека: „Го осудуваме ослободувањето на Димитрис Куфодинас, осудениот терорист, кој е одговорен за убиство на 11 цивили. Ние во основа веруваме дека осудените терористи не заслужуваат одмор од затвор“.

Во пораката на Твитер на грчки, амбасадорката на Велика Британија во Грција, Кејт Смит, напиша: „Многу е мачно да се види ако осуден терорист кој не се покајал,  излегува од затвор. Ние ја почитуваме независноста на грчката правда, но уште еднаш се сурово прекршени сеќавањата на жртвите на тероризмот и чувствата на нивните семејства“.

Групата „17 ноември“  беше урбана герилска организација (терористичка група за Грција, Обединетото Кралство, Турција и од САД) формирана во 1975 година за која се верува дека се распушти во 2002 година по апсењето и судењето на голем број нејзини членови.

На групата ѝ се припишуваат убиства на 23 луѓе во 103 напади врз американски, британски, турски и грчки цели.

Името, групата го доби по денот на востанието на Политехничкиот универзитет во Атина во 1973 година против воената хунта која седум години (1967-1974) владееше со Грција.

Режимот на полковниците падна летото 1974 година по инвазијата на Турција на Северен Кипар која следеше по обидот за присоединување (енозис) на медитеранскиот остров Кипар со Грција.