Четири големи маркети и една стопанска коморa вршеле картелско работење и влијаеле на цените

Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која се здружени истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените. 

Во ненајаване увид, а поради сомневање дека неколку ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехрамбени и непрехрамбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата.

  • При контролата во службените простории на правните лица, односно ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени се докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање. Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив, се наведува во соопшението на КЗК. 

Комисијата интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти  кои имаат удел во синџирот на снабдеување со земјоделски и прхранбени производи и ќе презема најригороизни мерки и санкции на секое нарушување на конкуремнцијата на пазараор и нема да дозволи изигрување на законот на штета на граѓаните, додаваат од Комсијата.