Промовирање на демократијата, човековите права, либералната економија, мултиетничкиот карактер на земјата, евроатлантската ориентација и целосната посветеност на македонските стратешки национални интереси беа и остануваат основи на уредувачката политика на порталот „Плусинфо“ во овие 14 години по 365 дена и во десетици и десетици информации, анализи, коментари, интервјуа…биле задача и цел на екипата предводена од основачот и долгогодишен новинар Бранко Героски.
„Денот на борбата против фашизмот и Денот на Европа, 9 мај, се совпаѓаат со роденденот на Плусинфо. Стартот на нашиот портал на овој датум пред 14 години, се разбира, не беше случајност, туку одлука инспирирана од стратешката ориентација на уредувачката политика на овој медиум“, се вели во денешниот пригоден напис.
Секоја година Денот на борбата против фашизмот и Денот на Европа, 9 мај, се совпаѓаат со роденденот на Плусинфо.
Стартот на нашиот портал на овој датум пред 14 години, се разбира, не беше случајност, туку одлука инспирирана од стратешката ориентација на уредувачката политика на овој медиум.
Успешно, мора да се согласиме.
Честитки и само напред од Редакцијата на “Expres.mk”