Во пожар кој изби доцна синоќа во зграда во Кисела Вода повредени двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар.
Еден од становите е целосно изгорен, а зафатени од пожарот се уште неколку стана. Жителите на зградата биле евакуирани оттаму и пренесени во општинската зграда, информира градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.
„Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост“, напиша Ѓорѓиевски синоќа на Фејсбук.