Американците стравуваат дека ситуацијата нивната земја излегува од контрола по нападот врз Доналд Трамп.

Се зголемува загриженоста дека претседателските избори на 5 ноември би можеле да предизвикаат уште поголемо политичко насилство, покажува истражувањето на Ројтерс/Ипсос, кое заврши во вторникот.

Атентатот во Пенсилванија врз претседателскиот кандидат Трамп не промени многу во анкетите за неговата популарност и таа на актуелниот претседател Џо Бајден.

Трамп има мало водство меѓу регистрираните гласачи – 43% спрема 41% – пред американскиот претседател демократот Џо Бајден.

Но, 80 отсто од гласачите – речиси еднаков број демократи и републиканци – рекоа дека се согласуваат дека „земјата излегува од контрола“.

Анкетата, која беше спроведена онлајн, опфати 1.202 возрасни Американци на национално ниво, вклучително и 992 регистрирани гласачи.