Четворица бугарски европратеници во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија

Од 17 пратеници во Европскиот парламент од Бугарија дури четворица станаа дел од 13-члениот Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Македонија.

Станува збор за Андреј Ковачев од ГЕРБ/ЕНП, Кристијан Вигенин од БСП/СиД, Ивајло Валчев од ИТН/ЕЦР и Христо Петров од ПП-ДБ/„Обнови ја Европа“.

Групата се состои од вкупно 13 европратеници од парламентарните групи на Европската народна партија, Социјалистите и Демократите, „Патриоти за Европа“, Европските конзервативци и реформисти, „Обнови ја Европа“, Зелените, Левицата и еден независен.

Вкупно 43 парламентарни делегации се очекува да ги одредат своите лидери до 8 октомври. Претседавачот и првиот заменик-претседател на секоја од нив не можат да бидат од ист пол, а не е дозволено ниту тие да се од иста земја на ЕУ.