Денеска започнува прославата на Рамазанскиот бајрам кој ги означува првите три дена во месецот шевал.
Рамазан е едeн од посебниte месеци во исламот. Една од петте основни должности на секој муслиман е да пости во текот на овој месец. Во текот на 30 дена Рамазан верниците се воздржуваат од храна, пиење и полов контакт во периодот предвиден за пост во текот на денот се до Ифтар односно од изгрејсонце до зајдисонце.
По истекот на овие денови следува месецот наречен Шевал. Првите три дена од овој месец е еден од двата големи празници во исламот Рамазанскиот бајрам со кој се одбележува крајот на постот.
За време на празникот верниците мораат да бидат добро облечени најчесто во бела боја на облека. На изгрејсонце мажите одат на Сабах Намаз, и во посета на своите семејства и гробовите на покојните членови на семејството.
За немуслиманите Рамазан Бајрам е најпознат по баклавата со која исламските верници најчесто ги частат своите сограѓани од друга вероисповест.
На сите верници од муслиманската вероипсовест expres.mk им го честита празникот со желби за среќа и радост.