Во спектакуларен натпревар со кој е отворено 37. коло Челзи во Лондон го совлада Ватфорд до 4-3 и со преполниот Стенфорд Бриџ го прослави новиот трофеј во Англискиот фудбалски шампионат. Стрелци на головите за сините беа Тери, Азпиликуета, Батшуаи и Фабрегас, а Капу, Јанмат и Окака погодуваа за две изедначувања и едно водство на Ватфорд.