Вечерва се одиграа средбите од петтото коло во групите А, Б, Ц и Д. Највпечатливо од нив е што Челзи со победа кај Карабах го обезбеди минимум второто место во третиот состав, а Барселона со реми без голови кај Јувентус го стори истото во четвртиот. Ситуацијата делумно си ја искомпликува Манчестер Јунајтед, но одново се ќе решава сам и тоа на свој терен на почетокот од декември против ЦСКА.
Резултати и табела:
Група А:
Базел-Манчестер Јунајтед 1-0
ЦСКА-Бенфика 2-0
Манчестер Јунатед води со 12 бода пред Базел и ЦСКА со по 9.
Група Б:
ПСЖ-Селтик 7-1
Андерлехт-Баерн 1-2
ПСЖ гима 15, а Баерн 12 бода.
Група Ц:
Карабах-Челзи 0-4
Атлетико Мадрид-Рома 2-0
Челзи води со 10, пред Рома со 8 и Атлетико со 6 бода.
Група Д:
Јувентус-Барселона 0-0
Спортинг-Олимпијакос 3-1
Барселона има 11, Јувентус 8, а Спортинг 7 бода.