Деновиве многу актуелниот шпански напаѓач и играч на Реал Мадрид, Алваро Мората чека расплет околу неговата фудбалска иднина, но затоа не сакаше да чека на љубовната, емотивната крстосница. Тој вчера се ожени со Алис Кампело, а венчавката се случи во Базиликата дел Реденторе во Венеција.

Како што е ред Алваро со невестата потоа заплови по каналите на романтичниот град. Многу можно е двојката по медениот месец да се пресели на постудено, во Манчестер, зошто Јунајтед е најзагреан за 24. годишниот напаѓач.