Сокот или чајот од шипинки покрај тоа што е вкусен и богат со антиоксиданси ја подобрува работата на срцето, штити од рак на дојка, а воедно го препречува и таложењето на масни наслаги и вишок на килограми.

Поради големата количина на витамин С, кој што не се уништува ни со варење, чајот од црвениот плод на шипинката е незаменлив при лечењето на настинки и грипови.

Овој симбол на есента особено се препорачува во сезона на грипови и настинки бидејќи ја обновува енергијата, и го отстранува уморот и малаксаноста, ја подобрува крвната слика и го зголемува имунитетот. Препорачливо е да се пие за прочистување на крвта и за исфрлање на токсините од организмот.

Поволно делува и на органите за варење, но и на излачување на урината без да ги надразнува бубрезите. Чајот од шипинките спречува создавање на песок во бубрезите и мочните канали, а се користи и кај воспаленијата на бубрезите и мочните канали. Освен плодот, за подготвување на чајот се собираат и цветовите за време на цветањето на ова растение. Чајот од цветот на шипинката е ефикасен за крварење од желудникот, цревата, белите дробови, но и против хемороидите, проливот и грчевите во желудникот.