Филмската авантура на трите преубави девојки: Камерон Дијаз, Дру Баримор и Луси Лу, која во 2001. година доживеа вистински бум и која имаше заработка од 264 милиони долари, ќе се врати на екраните. Како што јавува MTV каналот, продуцентот Елизабет Бенкс веќе тргнала со преговори, но не може со сигурност да потврди дека споменатите и сега веќе, подостарени убавици, ќе се појават во носечките ролји на Дилан, Натали и Алекс.
Ако се биде според планираното, Черлиевите ангели, дел 3, ќе се снимаат во текот на следната година, а производот треба да се појави во 2019. година. Инаку филмот имаше и второ продолжение, од 2003. година, а и тоа мина одлично на кино благајните, со заработка од 259 милиони долари.