Профсорот и филозоф Љубомир Цуцуловски ја опсервира (зло)употребата на терминот „мајоризација“ од одредени албански кругови.
„ЛАГАТА ИМА КРАТКИ НОЗЕ? Терминот ‘мајоризација’ постојано и многу итро се форсира од одредени албански кругови (на кои иредентистичките идеи не им се туѓи) за да можат да создадат вештачки страв кај Албанците од најбројната (во етничка смисла) нација – Македонците. Тоа значи да се создаде реално непостоечка македонофобија, која е само чекор до македономизија – страв, недоверба и омраза кон сѐ што е македонско.
Дека не станува збор за нечија фикција (во случајов, за моја фикција) говорат многу факти од македонското секојдневие, како што се одбегнување да се застане под државното знаме, да се испее македонската химна или систематското жалење/лелекање – како внатре, така и надвор – дека Албанците во Република Македонија систематски се непочитувани и навредувани, теза која никако да ја докажат, но со која обилно се служат.
Дека на лагата кратки ѝ се нозете е стара вистина. Но, се заборава дека некои имаат долги нозе/чекори, кои целат на многу подолги патеки отколку што се мисли“, коментира Цуцуловски на Фејсбук.