Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски реагира за воинствената реторика на ДУИ пред одлуката на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците в среда.
„ЧЕСНО би било (особено кон нивните сонародници, Албанците) од ДУИ да кажат дека ако евентуално дојде до дестабилизација на Државата нејзините последици нема да бидат е д н о с м е р н и, ниту ќе бидат е д н о ст р а н и, ниту бомбите и куршумите ќе паѓаат така, туку дека од нив ќе страдаат сите граѓани, без разлика на нивната етничка или каква било друга припадност. Ова го потврдуваат искуствата не само од арапските земји, кои беа зафатени од таканаречената Арапска пролет, ниту украинската трагедија, туку тоа го потврдуваат судбините од сите бивши југословенски републики, чии последици и понатаму продолжуваат и се чувствуваат. Со други зборови, редно е од ДУИ да им ја кажат вистината на ‘своите’ што ќе следи после евентуалната дестабилизација на Македонија, бидејќи времињата, што значи и состојбите, не се како пред дваесетина години. Кој разбра, разбра. Кој не разбра, за жал, последиците ќе ги почувствува врз сопствените плеќи. Но, се плашам, дека тогаш ќе биде доцна“, коментира Цуцуловски на Фејсбук.