Цуцуловски: ЕУ бара да се остави минатото зад себе, а Мишел ја условува Македонија со обврски од минатото. Кој може да се снајде, нека повели

Професорот и фолозоф Љубомир Цуцуловски за двојните аршини на Европската унија кон Македонија во однос на другите кандидатки за Европската унија.

„ПОМЕШАНИ ГЛАВИ. Од една страна, ЕУ одлучно се залага да се остави минатото зад себе, бидејќи влечело назад, онака како што и самиот Исус проповедал да се остават мртвите/минатото да ги погребуваат своите мртви/минато. Од друга страна, Шарл Мишел (претседател на Европскиот совет!) порачува дека услов за влез на Македонија во ЕУ е спроведување на обврските од м и н а т о т о. Кој може да се снајде во ова, нека повели. Така е секогаш кога главите ќе се поматат/помешаат“, коментира Цуцуловски на Фејсбук.