Кумановски пожарникари утрово спасиле маж кој се заглавил во длабока тиња и кал налик на жив песок во близина на реката Пчиња, кумановско, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во акција која траела три часа, од 4 до 7 часот утрово, човекот заробен во тиња и кал би лизвлечен.

Итниот случај на бројот 112 го пријавил роболовец, кој ги слушнал повиците за помош на лицето кое покрај реката се заглавило во длабока тиња и кал на тој потег од реката Пчиња.

„Лицето било веќе речиси до раменици и врат пропаднато во калта. Било снеможено и на крај од неговите сили заради долготрајното заглавување при што полека тонело во меката почва“, соопштија од ЦУК.

Нстараданиот маж, како што велат од ЦУК е хоспитализиран во кумановската болница и е надвор од животна опасност, но како што велат, е многу истоштен од долготрајното извлекување.