Од Центарот за управување со кризи информираат дека осум од 12 пожари на отворено во последното денонокие, се изгасени, додека четири се и понатаму активни.

„12 пожари вкупно на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие. Од вчерашните активни се водат четири пожари во: Општина Градско, помеѓу селата Виничани и Свеќани (нискостеблеста шума и сува трева); Општина Кичево, с.Цер (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека); Општина Ново Село, месност „Хаџиица“, на граница со Бугарија (букова шума) и во Општина Дојран, помеѓу Стар и Нов Дојран (чад во депонија) – соопштуваат од ЦУК.

Од ЦУК велат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека во изминатото деноноќие имало вкупно 2.225 повици на Единствениот повикувачки број од коишто „реални“ повици биле 63,96 отсто, а 36,04 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.